Итно предупредување за Валенсија: Жителите повикани да останат дома поради нови обилни врнежи

Жителите на Валенсија, регионот во југоисточна Шпанија кој минатата недела претрпе тешки поплави, денеска беа итно повикани да останат во своите домови поради заканата од нови обилни врнежи.

Полицијата преку мегафони ги повика граѓаните да влезат во своите куќи, пренесува Фран прес.

Националната метеоролошка агенција објави нов црвен аларм за јужниот брег на Валенсија во периодот од 18 до 23 часот со можни врнежи од 90 литри на метар квадратен или девет сантиметри за еден час.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во шпанскиот регион за време на поплавите во вторникот, а илјадници ги загубија своите домови и имоти.

Back to top button
Close