Ивановски ќе игра во финалето на турнирот М25 во Загреб


Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во вчерашното полуфинале го победи Божо Барун од Хрватска со 2:1 во сетови (6:4, 3:6 и 6:3) за 150 минути игра и денес во финалето ќе игра против Кимоун Султанов од Узбекистан, кој спречи „македонско финале“ совладувајќи го Олег Приходко со 2:0 во сетови.

Ивановски со победа ја продолжи серијата добри игра по настапот за репрезентацијата и настапите на Универзитетот во САД. Тој се избори за своето деветто финале прво по август 2023, но повредите имаа големо влијание при неговите настапи.

Ивановски во првиот сет со пет брејка имаше еден повеќе од Браун (3:2) и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Во вториот сет имаше само еден брејк во шестиот гем за Барун, кој сетот го доби со 6:3. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер одигра буквално подобро и од првиот сет и го доби со 6:3 со брејк во четвртиот гем што му овозможи мирна завршница на мечот.

Финалето во хрватската престолнина е закажано за денес во 10 часот.

Првиот носител Олег Приходко загуби од Султанов со 2:0 во сетови (6:3 и 6:1) за 96 минути игра. Во првиот сет Приходко имаше предност од 3:2 во гемови, но противникот успеа да направи мини серија од четири гема и сетот го заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот на Султанов ја продолжи добрата игра и сетот го доби со 6:1 и избори пласман во финалето.

Back to top button
Close