Ивон Величковски тврди: Инсталациите на ВМРО-ДПМНЕ отвораат нов спор со Атина

Лидерот на партијата Нова република, Ивон Беличковски, тврди дека инсталациите на ВМРО-ДПМНЕ инсистираат на провокации – за да се отвори нов спор со Атина и да се попречат европските интеграции.

„Откако се виде дека единствено Преговарачката рамка ги утврдува условите за ЕУ-преговорите, а останатото е исполнување критериуми, ВМРО-ДПМНЕ се насочи кон провокации на Атина, додека министерот за надворешни работи е во Софија.

Кошаркарскиот клуб „МЗТ“ – Скопје од Аеродром е акционерско друштво во целосна сопственост на општина Аеродром. Со тоа, транспарентите и скандирањата се финансирани од јавни пари, односно буџетски средства на Општина Аеродром и дотациите од Буџетот на Северна Македонија.Раководната структура на Општина Аеродром е на ВМРО-ДПМНЕ.

Неактивноста на полицијата и сопственичката структура да ги спречи скандирањата и транспарентите означува дека ниту еден јавен или државен орган не спречил постапки спротивни на Преспанскиот Договор.

Ова укажува дека ВМРО-ДПМНЕ има очигледен политички интерес да ги антагонизира односите со соседите – членки на ЕУ, за да осигура дека Северна Македонија нема да биде дел од првиот бран за проширување со Албанија, Молдавија, Украина и Црна Гора.

Фактот што од септември годинава спонзор на натпреварувањата на МЗТ во АБА лигата е „АЛТА Банка“ само ја дополнува сликата“, оценува Нова република.

На социјалните мрежи последните денови исто така видливо е зголемено присуство на квази профили наводно со грчки адреси, преку кои од Атина наводно се отвораат спорни прашања со Македонија. Тие станаа видливи откако Атина и Софија го договорија враќањето на посмртните останки на Цар Самоил за кои ботови (најверојатно исто од кај нас) тврдат дека се на мајмун, а не човечки, а со цел да се прикрие поразот што го доживеа политиката на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соседите.

Back to top button
Close