Изјава на Јавното обвинителство за текот на изборниот процес (во живо)
Изјава на јавниот обвинител и претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами за досегашните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.
Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес на Парламентарните избори и вториот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија.