Кој го искара Таравари за изјавите во Приштина.За Телма вели дезинформација била изјавата за 6 министри и спикер. Рано било за договор

Се вртат бројки, но нема ништо дефинитивно бидејќи разговорите се во тек, вели еден од лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари.

Тој во изјава за ТВ Телма демантира дека неговата коалиција ќе раководи со шест министерства и додава дека се уште е рано да се прецизира. Негира и дека веќе е постигнат договор на „Вреди“ да и припадне позицијата претседател на Собранието.
„Екипите на ‘Влен’ и ВМРО-ДПМНЕ работат интензивно, мислам дека со заедничката програма се при крај. За кадровските решенија почнато е, но се уште нема никаков договор, така што сите вести што излегуваат се дезинформации додека нема дефинитвен договор. Нормално, тоа е едно од нашите барања (претседател на парламентот), но се уште нема договор“,

Претходно, во интервју за косовската РТК, што го пренесе Македонската информативна агенција, Таравари изјавил дека очекува на една од трите главни функции на државата – претседателот на парламентот, да продолжи да биде Албанец, а „Вреди“ да добие и шест министерски места во новата влада.

„Верувам дека ќе имаме една од трите главни функции во државата, односно претседател на парламентот и во иднина ќе биде Албанец, и значителен број министри. Особено таму каде што имаме експерти, ние како ‘Вреди’ ќе ги именуваме. Верувам дека ќе бидеме претставени достоинствено, со стручни луѓе”,

Back to top button
Close