ИЗБЕРИ КНИШКА

Навистина, колку треба да си неутрален да те убедат дека не вреди да излезеш да гласаш со спот кој ти вика дека за среќа во твојата земја ти е доволна партиска книшка, пишува Горам Михајловски за СДК

 

1. Уште ли се смеете на рекламните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, во кои лидерот Христијан Мицкоски се појавува како месија што лекува сколиози и ги спречува младите луѓе да заминат од земјата нудејќи им партиска книшка место авионска карта?

Уште мислите дека е небулоза слоганот на ДУИ за премиер Албанец? Спијте си на тоа уво и зафркавајте се со „Псе јо?“. Ама научивте што значи, нели?

А СДСМ? Кој ги прераскажува спотовите на СДСМ? Кој вади цитати од нив? Нивните традиционални гласачи се убедени. Ама, како ќе ги убедат колебливите да излезат на гласање со спотови „Ме отепа досада од 20 секунди“? Или, мислат дека со тоа што ќе се потсмеваат на спотовите на Мицкоски ќе завршат работа? Не е работата за смеење. И на спотовите на Вучиќ во Србија им се смеевте.

2. Играјте му мајтап на Мицкоски, ама неговите приврзаници ќе си излезат и ќе си гласаат на 15 јули. Ионака, целта на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ не е да ги убеди нивните традиционални гласачи да гласаат. Целта им е да ги обесхрабрат неутралните да излезат да гласаат и на денот на изборите да си седат дома, или да заминат на одмор за да не гласаат за СДСМ.

Тој што им ја смислил кампањата мора да бил многу паметен, ама и многу зол. Ем со фиксација на Заев лично да му го спротивстават ликот на Мицкоски и да го претстават како лидер, иако немаше храброст да излезе на мегдан да изброи колкумина би гласале за него ако водеше пратеничка листа. Ем, со потсмевањето со струмичкиот дијалект во спотовите да ги провоцираат „елитните неутралци“ што живеат на некоја друга планета дека ако веќе не гласаат за традиционално „сељачката“ ВМРО-ДПМНЕ, не мора да гласаат ни за „традиционално комуњарската“ СДСМ, оти нели – „сите се исти“. И штом веќе „не ги интересира политика“ нека си седат дома. И додека шеговито се сликаат на Фејсбук со пиво „корона“ и плачат да им ги отворат теретаните оти многу се здебелиле, нека мудруваат дека не излегуваат на избори оти не е безбедно за здравјето.

Само, се прашувам колку ли треба да си неутрален, ако успеат да те убедат дека „сите се исти“ гледајќи го спотот со искривените луѓе што бараат спас во чудотворната рака на исцелителот Мицкоски? Тие што ни ја кршеа кичмата 11 години, а на 27 април 2017 видовме дека знаат и глави да кршат, сега ќе нѐ убедуваат дека Заев ни ја свиткал кичмата оти станавме членка на НАТО. Па ќе го чекаме Мицкоски да нѐ исправа. И треба да ја исправиме главата нагоре. За да може да го видиме македонското знаме развиорено на јарболот во Брисел заедно со уште 29 членки на НАТО. Ама, тоа не е заслуга на Мицкоски. Напротив. Тој направи сѐ за до тоа да не дојде.

И се прашувам, колку ли треба да си дрзок и безобразен, кога во предизборна кампања сервираш слоган „Правда за сите“, а почесниот претседател на партијата што тоа го порачува е избеган од правдата во Будимпешта?

Колумната во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close