СП 2026: Швајцарија без поголеми проблеми до осминафиналето

Фудбалерите на Швајцарија успеаја да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство откако утрово ја совладаа селекцијата на Алжир со 2:0. На тој начин од програмата на натпревари за 2.јули го комплетираа списокот на од три европски репрезентации што ги продолжуваат натпреварите.
Раниот гол на Бри Емболо во 10.минута на Швајцарија и донесе стабилност во играта и натпреварот, а победата беше потврдена со голот на Дан Ндоје во 46.минута.
Швајцарија во осминафиналето на 7.јули во Ванкувер ќе игра со победникот од дуелот Колумбија – Гана што се игра вечерва. Тоа воедно е и еден од последните три натпревари од 1/16 финалето, а на другите два дуела играат: Аргентина – Зелено ’ртски острови и Австралија – Египет.






