Избори во Австралија: Лабуристите веројатно се враќаат на власт по речиси една деценија

epa09961912 Australian Prime Minister Scott Morrison conducts morning television interviews on Federal Election day, in the seat of McEwen in Melbourne, Australia, 21 May 2022. More than 17 million Australians will vote to elect the next federal government. EPA-EFE/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Ентони Албанес најверојатно ќе биде новиот премиер на Австралија. Иако е лидер на Лабуристите само три години, тој е дел од партијата уште од неговите 20-ти години. Репутацијата кај тамошната јавност ја стекнува како поборник за бесплатен здравствен систем, но и како борец за правата на ЛГБТИ заедницата и страстен љубител на рагби
Првичните излезни анкети од денешните избори во Австралија покажуваат победа на досегашната опозициска Лабуристичка партија. Ова е нивна прва изборна победа по речиси една деценија.

Либерално-националната коалиција на премиерот во заминување, Скот Морисон, која е на власта од 2013 година, сега ќе замине во опозиција. Морисон веќе го призна изборниот пораз и му честиташе не лабуристот Ентони Албанес кој најверојатно ќе биде новиот австралиски премиер.

„Ова беше време на големи пресврти, важно е нашата нација да закрепне“,рече Морисон признавајќи го поразот.

Албанес, кој се очекува да ја зазеде премиерската функција, важи за еден од политичарите со најдолг стаж во земјава, а на гласачите им вети „безбедни промени“.

Онаму каде неговиот претходник, конзервативецот Морисон, дејствувал како „булдожер“, Албанес вети дека ќе биде „градител“.

epa09952058 Australian Opposition Leader Anthony Albanese speaks during the West Australian?s Leadership Matters Federal Election Breakfast on Day 37 of the 2022 federal election campaign in Perth, Australia, 17 May 2022. EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Кој е новиот премиер на Австралија?

Идниот премиер на Австралија, репутацијата кај тамошната јавност ја доби како поборник за бесплатен здравствен систем, но и како борец за правата на ЛГБТИ заедницата и страстен љубител на рагби.

59-годишниот Албанес израснал во социјални станови заедно со неговата самохрана мајка која добивала инвалидска пензија. Воспитувањето кое го добил од неа, тој го смета како основа за неговите денешни прогресивни ставови и верувања.

Иако е лидер на Лабуристите само три години, тој е дел од партијата уште од неговите 20-ти години. Во 2007 година кога Лабуристите под водство на Кевин Руд дојдоа на власт, тој стана министер за инфраструктура и транспорт.

По заминувањето на Руд од премиерската функција во 2010 година кога беше заменет од Џулија Гилард, Албанес останал влијателен во партиските структури, а неговата поддршка за Руд потоа го враќа на повисока функција во извршната власт. Имено, кога Руд повторно станува премиер во 2013 година го назначува Албанес за негов вицепремиер. Сепак, оваа влада има краток мандат. По само 10 недели, лабуристите ги изгубија изборите и од тогаш, па се до сега, беа во опозиција.

Додека беа во опозиција, Албанес се обиде да застане на чело на партијата, но во првиот обид беше поразен на внатрепартиските избори од Бил Шортен. Шортен во два изборни циклуси не успеа да ги врати лабуристите на власт, по што во 2019 беше сменет, а за нов лидер беше избран Албанес.

По три години како лидер на опозицијата, Албанес денеска е на чекор да стане нов премиер со оглед дека Австралијците денеска им дадоа поголема доверба на лабуристите.

Право на глас на денешните избори имаа околу 17 милиони гласачи кои бираа свои претставници за сите места во Претставничкиот дом, и за нешто повеќе од половина места во Сенатот. Клучен за тоа кој ќе ја формира новата влада е резултатот од Претставничкиот дом каде што има 151 место, а за формирање влада се потребни 76 мандати.

Back to top button
Close