Изборот за претставник на Евровизија се одржа во засолниште: Украина ја избра својата песна

Украина го избра својот претставник на Евровизија 2023 – Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel“.

Оваа година натпреварот се одржа во засолниште во метро станицата во Киев, а се натпреваруваа десет песни.

Творчи е електронско дуо основано во 2018 година од Ендрју Хуцулиак и Џефери Аугуст Кени.

Тие веќе учествуваа на националниот избор за Евровизија 2020 година со песната „Bonfire“ и го освоија четвртото место.

Украина годинава го освои првото место на Евровизија, но поради војната натпреварот ќе се одржи следната година во Ливерпул.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close