ИЗБРКАНИ ОД ДОМА

Се погоди во странство да сретнам Македонци кои последнава деценија си заминале од дома. Тоа се луѓе за кои знам дека во Македонија имале супер успешна кариера, ама сепак си заминале. Си муабетиме: Како е тука? Се снајдовте ли? Како ви е фамилијата, што ви учат децата, како ви се родителите, другарите, одржувате ли врска со пријателите… И како заклучок на овој најобичен лежерен муабет за секојдневните нешта од животот, еден ја изговара реченицата: Всушност, државата мене ме избрка.

Колку едноставен и прецизен одговор – државата мене ме избрка.

Мислам дека не сме свесни колкава е загубата за сите нас што останавме да живееме во Македонија кога нашите сограѓани во своите најзрели години од животот, кога можат најмногу да му дадат на општеството, си заминуваат да даваат придонес за развојот на некои туѓи држави. Се селат сосе фамили, се дошколуваат, преучуваат факултети, почнуваат живот од ново. Ви раскажувам за луѓе кои во Македонија веќе имале завидна кариера и оставиле печат во своите струки. Имале добра работа, станови, широк круг пријатели, забава, кафеани, одмори, викенди, општествен статус… Ќе си речеш, ништо не им фалело.

Ама, им фалела правда. Избегале од неправда. Не биле спремни да прават компромис со своите принципи. Сфатиле колку е саат и во еден момент од животот решиле да почнат одново. Кога со неправда ќе ти го земат мирот, ќе си речеш, па подобро е да изгубиш неколку месеци или години од животот, отколку сите преостанати. Сѐ може да ти земат, ама умот не можат. И да ти го земат едното моливче, ќе си наостриш ново.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close