(Видео) Пронајдена почината студентка во стан во Штип

Телото на млада студентка од Турција е пронајдено без знаци на живот во изнајмен стан во Штип, на улицата „Васил Главинов“.
Според информациите, случајот бил пријавен откако нејзини колеги повеќе дена се обидувале безуспешно да воспостават контакт со неа, по што ја известиле надлежната служба.
На местото на настанот денеска биле присутни екипи на СВР Штип, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица Штип, кои извршиле увид во станот.
Информацијата ја потврдија и од МВР:
„Денеска (07.05.2026) во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција. Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Телото на починатата е предадено на обдукција, по што се очекува да бидат утврдени точните причини за смртта.






