Одложено рочиште за „Талир 1“ поради отсуство на адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ


Обвинителката Енѓелуше Кадриу е назначена да го застапува предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денешното рочиште, кое е прво откако обвинителката Ленче Ристоска во март беше повлечена од случајот, се одложи поради отсуство на еден од адвокатите. Петар Димовски, кој е бранител на партијата, го известил Кривичниот суд дека не може да присуствува.

Освен партијата, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, како и поранешните партиски функционери Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристовски.

Ристоска, откако беше повлечена од „Талир 1“ и „Талир 2“, поднесе оставка на функцијата.

Back to top button
Close