Изгоре маж во запален камион кај Велес
Педест и седум годишен скопјанец ноќеска бил пронајден починат покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, соопшти МВР.
-На 15.03.2025 во 00.45 часот СВР Велес било пријавено дека автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, настанал пожар на товарно возило „мерцедес“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, а во близина на возилото бил пронајден починат Н.В.(57) од Скопје, наведуваат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а екипа на Територијалната противпожарна единица Велес го изгаснала пожарот