Изгоре,, Првата рунда за избор на претседател на Албанија
Денеска албанското Собрание ја имаше првата рунда за избор на нов претседател на државата , но поради тоа што немаше пријавени кандидати од ниту една политичка партија , првиот мандат фактички ,, изгоре ,, така што се очекува дури во наредните мандати да се пријави кандидатура . Претседелката на Собранието Линдита Никола соопшти дека до комисијата за избор не пристигнала нурти една кандидатура .
Албанските аналитичари сметаат дека станува збор за политичка тактика на мнозинството кое го има владеачката – Социајлистичка партија предбводена од премиерот Еди Рама , бидејки таа нема во првата рунда двотретинско мнозинство . Истите извори сметаат дека мнозинството ке достави кандидатура во наредните рунди кога за избор на нов шеф на државата ке бидат потребни само 71 глас што мнозинството во парламентот ги има .
Во Социјалистичката партија до пред денешната прева рунда велат дека ке се кандидира личност која на достоиневне начин ке ја претставува Албанија но притоа не се фиксирани имиња. Опозицијата која е поделена на два дела до сега како можни кандидати ги има Енкеленд Алибајај близок на ек лидеро на Демократската партија Лулзим Баша, додека другиот дел од пратениците на оваа партија често ја спомуваат Јозефина Топали . Кога сме кај имињата што ги спомнуваат партиите и Македонската Алијанса за Европска интеграција како предлог го има Кимет Фетаху познат универзитетски професор и ек лидер на македонското здружение Мир , во Албанија . Досегашниот претседател Имир Мета , кој стана шеф на државата и со гласите на Социјалистите , е лут противник на премиерот Еди Рама и е мошѓне близок на екс премиерот и екс лидер на деницата Сали Бериша .
Во Албанија претседателот на државата го избира Собранието .
К. Мимидиноски