Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезеира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезеира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN.

„Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезеира ќе биде затворен во Израел“, напиша Нетанјаху во објава на платформата Х.

Нетанјаху на почетокот на април на „Х“ рече дека има намера веднаш да дејствува во согласност со новиот закон за да ја запре активноста на медиумот во земјата. Владата на Нетанјаху долго време се жалеше на работењето на Ал Џезира, обвинувајќи ги за анти-израелска пропаганда.

Како одговор, Ал Џезеира, која на терен известуваше за војната на Израел против Хамас во Газа, ја критикуваше одлуката и вети дека ќе продолжи со своето, како што нагласија, храбро и професионално известување.

Групите за човекови права го осудија новиот закон што му дава овластувања на премиерот и министерот за комуникации да наредат привремено затворање на странските мрежи кои работат во Израел. Тие сметаат дека овие овластувања би можеле да имаат далекусежни импликации врз меѓународното медиумско покривање на војната во Газа.(Мета)

Back to top button
Close