Израелската армија и Хезболах продолжуваат меѓусебно да се гранатираат преку границата
– Израелската армија и либанското шиитско движење „Хезболах“ и денеска продолжуваат меѓусебно да се гранатираат преку границата.
ИДФ соопштија дека групата поддржана од Иран истрелала повеќе од 100 ракети од почетокот на денот. Израелските пожарникари гаснеа пожари предизвикани од гранатирањето.
Хезболах, од своја страна, објави дека ги нападнал израелските капацитети за производство на оружје.
Групата го нарече гранатирањето „прв одговор“ на експлозиите во Либан во вторникот и средата – операцијата му се припишува на Израел – во која загинаа 37, а беа ранети околу 3.000 луѓе.
Го бомбардиравме воено-индустрискиот комплекс Рафаел во северен Израел со „десетици проектили“, објави Хезболах.
Израелската војска соопшти дека либанската група истрелала околу 115 ракети врз цивилни области во северен Израел. Се додава дека како одговор напаѓаат цели на Хезболах во Либан.
И вчера имаше гранатирање меѓу Израел и либанската група. Ескалацијата на тензиите во последните денови ги зголеми стравувањата од поширок конфликт во регионот.