Израелски авиони го нападнаа појасот Газа
Израелски авиони нападнаа неколку воени цели во Појасот Газа рано утринава, откако Палестина истрела ракета во јужен Израел.
Како што соопшти израелската армија, целта била објект за производство на оружје и подземен тунел на палестинската организација Хамас, коај владее во Газа од 2007 го
Ниту една палестинска организација не ја презеде одговорноста за ракетата што падна на отворен простор во близина на граничната ограда меѓу Газа и Израел во саботата навечер.
Хамас и другите организации во голема мера го почитуваат неофицијалниот договор за затишје во замена за илјадници дозволи за работа во Израел.
Појасот Газа е под блокада на Израел и Египет за да се спречи вооружувањето на Хамас.
Противниците на блокадата предупредуваат дека тоа е колективна казна која и штети на Газа со 2,3 милиони жители.
И додека Газа е главно мирна, тензиите се зголемуваа со месеци на Западниот Брег, каде што палестинската управа има ограничена контрола врз делови од територијата.