Изречени 291 санкции за брзо возење


Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 291 возач.

Како што соопшти денеска МВР, од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 192 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Back to top button
Close