Ја нападнале, влечеле и турнале, па се здобила со скршеница на ногата – кривична за семејството кое го имаше добитокот во Крива Паланка

Тешка телесна повреда на жена од селото Дрење е предмет на постапување на Основното јавно обвинителство Крива Паланка, откако била поднесена кривична пријава против три лица – Гоце, Андријана и Ана-Марија од Паланка, кои се екссопственици на кравите.

Според пријавата, по недоразбирање околу добитокот, меѓу пријавените и жената најпрво избила расправија, а потоа таа била физички нападната, влечена и туркана, при што ѝ биле упатени и закани. Откако била турната на земја, се здобила со скршеница на левиот скочен зглоб.

Тројцата се пријавени за кривично дело „тешка телесна повреда“ според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството информираат дека постапката се води итно. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите, а се обезбедуваат и други докази. Јавниот обвинител ја проценува и потребата од предлагање мерки за претпазливост, земајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки што се водени или сè уште се водат против нив.

Back to top button
Close