Кадиров обвинет за брутално убиство на неговиот заменик и личен лекар! Го закопал жив?

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, жив го закопал вицепремиерот на својата земја, објави рускиот Телеграм канал „ВЧК-ОГПУ“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Елкан Сулејманов наводно бил и личен лекар на Кадиров, кого лидерот на Чеченија го обвини за влошување на неговата здравствена состојба, пренесе германски Билд.

Билд потсетува дека имало многу шпекулации за здравјето на Рамзан Кадиров, особено од почетокот на војната во Украина.

Кадиров, кој е верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, наводно верувал дека бил отруен. Телеграм каналот „VChK-OGPU“ пишува дека неговите следбеници го убедиле во тоа. Неговиот личен лекар Сулејманов, кој беше и вицепремиер на Чеченија, наводно му дал одредени инјекции, а Кадиров верувал дека поради нив се разболел.

Како резултат на тоа, Сулејманов беше разрешен преку ноќ во октомври 2022 година, како вицепремиер. Официјалната изјава тогаш беше дека тој доброволно поднел оставка. Се шпекулира дека оттогаш не е виден, додека каналот Телеграм наведува дека бил брутално убиен.

Оттогаш, нема активност и на неговиот профил на Инстаграм. Во пустинската метропола Кадиров неколкупати бил лекуван поради наводно труење, пренесува каналот Телеграм.

За мистериозното исчезнување на Сулејманов на Твитер напиша и украинскиот функционер Антон Герашченко.

Тој потсетува дека руските медиуми објавија дека Кадиров, загрижен поради наглото влошување на неговата здравствена состојба, го обвини својот личен лекар Сулејманов дека се обидел да го отруе.

Тој додава дека лекарот исчезнал без трага во октомври 2022 година, бил отстранет од сите позиции и жив закопан.

Последната објава на Сулејманов на Инстаграм датира од октомври 2022 година, и покрај фактот што тој речиси секојдневно го ажурираше својот профил. Тој, исто така, не беше виден долго време ниту во московските образовни институции, кои често ги посетуваше, ниту во Чеченија.

Засега нема официјална потврда дека Сулејманов е мртов.

Back to top button
Close