КАФЕТО НА ОРБАН

Искрено, по 30 години мечтаење за ЕУ, пишувања за ЕУ и разочарувања од ЕУ, мене ЕУ веќе не ме загрижува. Вистинската грижа ми е како политичарите не си ги сфаќаат сериозно граѓаните.  Што ќе биде темата на изборите напролет? Европски фронт, наспроти руски фронт? Едните ќе зборуваат за мрачни сили, другите за предавници?

Тоа е обично продавање магла. Бегање од вистинската тема. А вистинската тема е дијагноза – епидемија на корупција, како што ја даде американската амбасадорка Анџела Агелер.

Димензиите на таа епидимија станаа животозагрозувачки за државата. Тоа го покажува и последниот случај со уривањето во Старата скопска чаршија, од злосторничко здружение создадено за уништување културно наследство за пари. Не се тоа обични партиски војници, лепачи на плакати унапредени во референти за што и да е, ставени само за да земаат плата и да му бидат лојални на лидерот. Тоа се луѓе со професија. Осомничени се еден сегашен и тројца бивши директори на институции. И тоа не на било кои институции, туку на Конзерваторски центар, Управа за заштита на културното наследство, Катастар и Претпријатието за државен деловен и станбен имот. Ние сме им давале плата да ни го заштитат културното наследство. А тие за екстра профит, го уништувале културното наследство.

Власта наместо да ја заузда епидемијата, уште и ја разгори со промените на Кривичниот законик со кој се намалија казните на функционерите и побрзо им застаруваат делата. А сега во Собранието е предложен и нов закон за уште едно легализирање на сите, ама баш на сите дивоградби во последните 11 години.

Оваа епидемија на корупција добива размери на зомби апокалипса.

Во земја што е пред зомби апокалипса од корупција, има и бизарни примери на демократија.

Дванаесет дена пред да ја убие 14-годишната Вања, Љупчо Палевски-Палчо како претседател на неговата партија Десна поднел иницијатива во Собранието за некаков си референдум. На иницијативата се потпишани и двајца сопартијци што се во притвор како соучесници во убиствата за кои е осомничен Палчо.

Пратениците ќе расправаат за иницијатавата на Палчо на 22 декември. И така, правилото „Сѐ по закон, шефе“ сврти цел круг.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк мк

Back to top button
Close