Како клучевите на Европскиот совет би можеле да завршат кај Орбан?


Наскоро местото претседател на Европскиот совет би можело да биде испразнето, во случај најавата на Шарл Мишел да се кандидира на јунските избори за Европскиот парламент (ЕП).

Тоа, како што пишува „Политико“, би значело дека лидерите на Европската унија мора брзо да најдат наследник на неговото испразнето место.

Портпаролот на Шарл Мишел ја потврди неговата намера и според информациите, тој планира да заземе место во Европскиот парламент кон средината на јули, доколку биде избран.

Доколку лидерите на ЕУ не најдат наследник на функцијата претседател на Европскиот совет, „Политико“ наведува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја од 1 јули ќе го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ, ќе ги води состаноците на Европскиот совет, што е посредничка улога што обично ја извршува претседателот, пренесува РТ Балкан.

Медиумите од Брисел нагласуваат дека ова сценарио, во кое, како што наведуваат, „неконтролираниот Орбан би седел на чело на Европскиот совет шест месеци веднаш по изборите за Европскиот парламент“, е токму она што повеќето од другите 26 лидери од земјите на ЕУ „очајно би сакале да избегнат”, поради зголемените тензии меѓу нив и Орбан, како на пример во „случаите на поддршка од ЕУ за Украина и кршење на владеењето на правото во Унгарија”.

„Политико“ наведува дека ова е првпат актуелниот претседател на Европскиот совет да се кандидира на изборите за Европскиот парламент. Во спротивно, Мишел би останал на функцијата до крајот на ноември, кога би била избрана новата Европска комисија.

Back to top button
Close