Калас: ЕУ подготвува план „Б “доколку Трамп ги напушти преговорите за Украина

„Европската унија подготвува план „Б“ за тоа како да ги одржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се приближи кон Москва, изјави за Фајненшл тајмс високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

„Гледаме знаци дека тие размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите затоа што е тешко“, рече Калас, осврнувајќи се на политиките што доаѓаат од преку барфата, пренесе Ал Џезира.

 

Британските медиуми пренесуваат дека Калас, исто така, рече дека се во тек разговори со Вашингтон и други меѓународни партнери за да се обезбеди останување на сила на режимот на западни санкции кон Русија.

 

Американскиот државен секретар Марко Рубио, изјави дека наскоро мора да се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина и дека Вашингтон се обидува да утврди дали вреди да продолжи да дејствува како посредник во овој процес.

„Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на овие напори ако тие нема да вродат со плод“, рече Рубио во емисијата „Meet the Press“ на Ен-Би-Си.

Тој не кажа колку долго администрацијата на Трамп е подготвена да чека за да се постигне напредок

Back to top button
Close