Калас: Русија губи голем број војници на бојното поле


Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска во Брисел изјави дека, според бројките со кои располага, Русија губи голем број војници во Украина.

Таа на прес-конференција рече дека во мај ќе продолжат разговорите за одбрана на европските безбедносни интереси.

На новинарски прашања за преговорите, Калас рече дека не гледа знаци дека Русија е подготвена да се вклучи во конструктивни преговори за прекин на војната.

– Не треба да се понижуваме и да се однесуваме како да молиме или преколнуваме за разговори, туку треба да бидеме во позиција овие симулации на преговори да ги претвориме во вистински преговори – додаде Каја Калас.

Руската инвазија врз Украина почна на 24 февруари 2022 година.

Back to top button
Close