Канцероген азбест фрлен до детски игралишта во Козле

Канцерогени азбестни салонитни плочи се фрлени до контејнер во населбата Козле, на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 149, алармираат граѓани.

Според пријавата, опасниот отпад се наоѓа на околу 50 метри од детски лулашки и простор каде секојдневно поминуваат и престојуваат деца и жители од населбата.

Азбестот се смета за сериозно опасен материјал, а неговите честички при распаѓање и вдишување можат да предизвикаат тешки заболувања, вклучително и канцер објави Скопје1.мк

Back to top button
Close