Кандидатот за премиер Насер Зибери позитивен на Ковид 19

Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери е позитивен на Ковид-19, потврдија од ДУИ.

Како што велат од партијата, Зибери денеска го добил решението дека е позитивен на коронавирусот, но дека не е познато кога и каде се заразил, бидејќи, како што велат од таму, во кампањата имал контакт со многу луѓе.

Либертас претходно доби фотографии од Зибери кој се тестирал во приватната болница Систина.

Back to top button
Close