Канте може да го пропушти остатокот од сезоната

Тренерот на Челзи, Френк Лампард кажа дека играчот од средниот ред Н’Голо Канте би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.
– Го загубивме Канте на вчерашниот тренинг. Тој разви болки во пределот на препоните. Според прелиминарните прогнози ќе биде надвор неколку недели. Сите разбираат што значи ова, изјави Лампард за „Talksport“.
Триесет и двегодишниот Французин го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на тетивата.
Тој оваа сезона забележа само девет настапи во Премиер лигата за Челзи.






