Kарванот од Куманово и Скопје утрово тргна да го брани Вучиќ во Белград со бесплатен превоз, сендвичи и вода

Околу седум часот утрово на граничниот премин „Табановце“ се забележани цели колони од автобуси кои најверојатно се упатиле кон Белград, по повод митингот што денеска го организира владејачката партија Српската напредна партија. Како што пишува порталот Нова.рс, на денешниот митинг се очекува да пристигнат околу 2.200 автобуси во Белград.

Бесплатен превоз се организира и од Куманово, но и други градови во Северна Македонија.

Мирослав Тричковиќ, советник во Општина Куманово изјави дека на лична иницијатива организира превоз до Белград.

-Ова е моја лична иницијатива, која ја почнав бидејќи во Куманово има многу српски граѓани кои гласаат. Покрај изборното место во Скопје, тука претседателот Вучиќ доби најголема доверба од граѓаните, повеќе од 90 проценти, изјави Тричковиќ.

Здружението „Мир, слога, стабилност“ во соопштение ги информира сите заинтересирани кои сакаат да го поддржат „човекот кој животот и го посвети на Србија“ да се јават на телефонскиот број на здружението и да го резервираат своето место, а ќе добијат и вода и сендвич.

 

Back to top button
Close