Касами: Лице од Косово го има подметнато пожарот во подрумските простории на општина Тетово


Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами вели пожарот кој избувна во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан и ова го потврдиле и безбедносните камери. Тој рече дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Првите сомнежи се дека тој е државјанин на Косово.

„Дефинитивно се сомневаме дека намерата овде е дека се работи за фантомско лице, односно без документи, кое подолго време се движело во регионот. Се сомничи дека се работи за лице кое е од Косово и нема никакви документи или македонско државјанство. Се сомневаме дека е соодветен профил да се злоупотреби за вакво дело бидејќи се работи и за палење документи кои се од последните избори кои се оштетени“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

„Значи овде не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета да се создаде забуна во јавност туку и да се создадат предуслови за она што опозицијата подолго време предупредува за создавање меѓуетнички тензии во Тетово. Се сомневам, се сомневам, па со оглед на личноста и неговиот профил, овој човек не може да го направи овој чин и да замине без да остави трага и дека воопшто не е пронајден. Секако, тоа е предупредување за општината, но и другите објекти да ја зголемат безбедноста. Апелирам до сите кои мислат дека со ваквите постапки можат политички да имаат корист, ви порачувам дека општината не е само на една партија туку на сите граѓани на Тетово без разлика и уште помалку политички“, додаде тој.

Back to top button
Close