Касами: Нема место во Влада за оние кои соработуваат со ДУИ

Нема да има место во Владата за политички партии кои досега биле дел од коалицијата Вреди, но се ободуваат да соработуваат со ДУИ, порача денеска од Тетово, Биљал Касами, одговорајќи на прашања од новинарите за средбата на претставници на коалицијата „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека овој нивен став е ист од почетокот на функционирањето на Владата и е во насока на справување со корупцијата на претходната извршна власт.

– Соработка со ДУИ и Али Ахмети и останување во Влада и во Вреди не може, а тоа го го дадовме јасно како порака и до премиерот и се договоривме, се согласивме дека во оваа фаза кога оваа Влада работи во делот на справување со корупцијата на претходните влади и на елементи од оваа Влада не можеме да прифатиме да има членови во Владата кои соработуваат со вакви елементи. Сигурно дека во следните денови ќе има и конкретни чекори во овој правец, рече Касами.

Според Касами, има членови на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со ставовите на претседателот Арбен Таравари.

– За нас Алијансата на Албанците (АА) е важен фактор на партијата Вреди и затоа работиме и се молиме Алијанса да остане во Вреди, но сигурно без елементи, чинители за кои имаат докази и веќе јавно нели прифаќаат дека соработувале со ДУИ и со Али Ахмети. Веќе има многу гласови во рамките на Алијанса кои не се согласуваат со нивниот претседател, кој јавно кажува дека во одредени општини се подготвени да соработуваат и со ДУИ, изјави Касами.

Тој рече дека многу луѓе од АА се изјасниле дека ќе работат во насока на борбата против корупција и затоа се надева деја ќе бидат дел од партијата Вреди и Владата

Back to top button
Close