Касами: Партиите од ВРЕДИ заедно ќе настапат на локалните избори во октомври

Партиите кои ја сочинуваат коалицијата „ВРЕДИ“ се со доминантно мислење дека заедно треба да настапат на локални избори во октомври, најави денеска од Тетово, Биљал Касами, претседател на Движење Беса една од коалициските партнери.

– Во делот на листите за советници, тој цени дека доколку би отишле посебно секоја партија дел од коалицијата би собрале повеќе гласови за да го добиеме тој легитимитет и на локалните избори. Но од сите други субјекти во рамките на коалицијата доминира идејата дека вредноста на секој поединечен субјект е поголема како дел од коалицијата отколку ако би било надвор од коалицијата така да останува Алијанса на Албанци да се одлучува дали ќе биде дел од коалицијата на локалните избори или ќе оди посебно, рече Касами.

Според него, иако има различни мислења, коалицијата „ВРЕДИ“ е далеку од примерите од некои партии за коишто рече дека имале поделби при одлучувањата кои резултирале со конфликти.

Тој најави дека од неговата партијата – Движење Беса ќе бидат пак кандидати за градоначалници за Тетово и Желино, за Општина Чаир ќе биде кандидат од партијата на Изет Меџити, а во Гостивар, коалицијата ќе предложи кандидат од партијата Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

Back to top button
Close