Катја и Ивана-Извинете не успеавме да ве спасиме. Но такви се системот и државата. Себични, функционираат само за одредени луѓе
Овој систем не превенира. Овој систем казнува, но толку е расипан, лош и злобен што казнува дури кога казната станува бесмислена и безвредна.
Извини, Катја, што ние самите, граѓаните, создадовме образовен систем кој не можел да забележи дека едно дете е под постојана психичка тортура. Извини што создадовме образовен систем кој има очи само за децата на побогатите и помоќните родители.
Извини што дозволивме да ја гледаш мајка ти како некој ја нарекува курва и постојано ја тепа.
Ивана, денес ти сигурно си на подобро место. Иако ние не можевме да ти помогнеме и те оставивме сама, ти несебично се обидуваш да ни помогнеш. Го даде твојот живот и животот на твојата ќерка за да ни ги отвориш очите.
Ивана, чисто да знаеш, по твојот случај насилниците експресно завршуваат во притвор. А и многу повеќе жени собираат храброст да пријават.
Ние не успеавме да ве спасиме, а вие и од таму влијаете работите да се подобрат… Но, нели, таков е овој систем, таква е државата. Себична. Функционира само за одредени луѓе.
фб статус на Furkan Saliu новинар






