Катица Јанева со полициска придружба на погребот на нејзиниот татко

Обвинетата екс-главна обвинителка на СЈО, Катица Јанева која е во домашен притвор и ја чека пресудата за случајот Рекет, денеска со полициска придружба била спроведена во родниот град Гевгелија на погреб на нејзиниот татко Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на судот во Гевгелија до неговото пензионирање.

На Јанева на денот кога беше уапсена и и беше одреден притвор, 20-ти август минатата година и почина мајката и обвинителката се согласи да и биде овозможено да присуствува на погребот.

Денеска Јанева добила согласност да биде спроведена и на погребот на нејзиниот татко. Пресудата за Рекет судечкиот судија ја најави за четврток, 18-ти овој месец.

Ќе бидат објавени пресудите за првообвинетиот Бојан Јоановски и за Катица Јанева а третообвинетиот Зоран Кичеец на стартот на судењето ја призна вината и доби 3 години затвор.

Back to top button
Close