Казнети 143 возачи за брзо возење

Во рамки на вчерашната засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, полицијата санкционираше 143 возачи.

Како што информира денеска МВР, од нив девет возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 64 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Back to top button
Close