Казнети 247 возачи денеска во Скопје, еден лишен од слобода поради безобѕирно возење

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска од 12 до 16 часот спровело засилена сообраќајна контрола во Скопје во рамки на оперативната акција „Безбеден сообраќај”, при што во фокусот биле возачи на мотоцикли и велосипеди со помошен мотор. Како што информира МВР, биле контролирани 1020 возила и преземени мерки против 247 учесници во сообраќајот.

-За безобѕирно возење по чл.297а од Кривичниот законик лишено е едно лице од слобода. За возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 53 возачи, 33 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, санкционирани се и 62 возачи за управување мотоцикл без заштитна кацига, 18 мерки за возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, пет возачи возеле без возачка потврда, а санкциинирани се и 66 останати учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

Привремено биле одземени три нерегистрирани возила, од кои два мотоцикла и едно патничко возило. Под сомнение за техничка исправност привремено биле одземени  две возила – еден мотоцикл и едно патничко возило.

-Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни  патишта, укажува Министерството за внатрешни работи. 

Back to top button
Close