Кедев веќе не се гледа во политиката. Категоричен дека нема да трча за претседател на државата
Не, тоа е завршена работа, неколку пати досега сум кажал – одговара познатиот кардиолог, алпинист и поранешен пратеник Сашко Кедев во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, на прашањето дали во иднина размислува за нов политички предизвик и ангажман. Името на Кедев се споменуваше како можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори што треба да се одржат следната година.
„Тоа беше една фаза во животот и за мене едно позитивно лично искуство бидејќи тогаш успеав да го запознаам сопствениот народ, сите граѓани на Република Македонија, од која било етичка припадност и тоа е нешто коешто засекогаш ќе остане врежано длабоко во мене бидејќи се соочив со сопствениот народ и уште повеќе го засакав сопствениот народ“,одговара Кедев.
Вели дека неговите сегашни приоритети не се компатибилни со каков било политички ангажман.
Прашан како гледа на актуелните случувања во земјава и дали таа се движи во добар правец, Кедев посочи оти во изминатите 32 години од нејзината самостојност, државата не е изградена на здрави темели, а тоа, како што рече, е факт и реалност која горе-долу е прифатена од сите структури во државата.
„Лично сметам дека не е сè изгубено и дека треба акцентот да се стави на коренот на државата, бидејќи ако премногу се фокусираме на цветот и ако тоа го правиме на штета на коренот, тогаш македонското дрво ќе падне. Македонското дрво не е уште паднато и треба сите заеднички да го зајакнеме коренот, бидејќи македонското дрво е еден сериозен предизвик, а ако нема јак корен, многу тешко ќе опстане“додава тој.
Сашко Кедев беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2004 година, кога во вториот круг беше поразен од противкандидатот Бранко Црвенковски. Од 2002 до 2006 година беше пратеник во Собранието.
Мандатот на претседателот Стево Пендаровски истекува на 12 мај 2024 година, а изборите за нов шеф на државата, според Уставот, се одржуваат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот.
Во политичките кулоари се погласни се шекулациите дека министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски е можен кандидат во трката за шеф на државата ,актуелниот председател се упте како пто изјави дека не одлучил дали ке се обиде за втор мандар а од ВМРО ДПМНЕ шпекулираат дека избор на Мицковски за председателската функција повторно ке биде професорката Гордана Силјановска Давкова пратенича на партијата во актуелниот пратенички состав.