Киев до Кисинџер: Секој договор со ѓаволот или мир на сметка на украинската територија е победа на Путин


Владата во Киев ги отфрли коментарите на поранешниот шеф на американската дипломатија Хенри Кисинџер и нагласи дека не може да има договор со Русија што вклучува отстапување на украинска територија. Кисинџер вчера изјави дека е дојдено време за завршување на конфликтот во Украина и седнување на масата за преговори со цел да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, пренесоа британските медиуми.

„Постигнувањето мир во секој случај треба да ги поврзе Украина и НАТО. Неутралноста како алтернатива веќе нема смисла”, напиша Кисинџер (99) во увидник за магазинот „Спектатор”.

Дипломатот додаде дека во мај годинава предложил прекин на конфликтот, по што Русија ќе се повлече на првите линии од пред почетокот на конфликтот, но Крим ќе остане „предмет на преговори”.

На ова помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на својот профил на Телеграм денеска напиша дека „г-дин Кисинџер ништо не разбрал”.

„Рецептот на кој тој повикува, но се плаши гласно да го каже е едноставен – смирете го агресорот жртвувајќи делови од Украина, со гаранции за ненапаѓање на другите источноевропски земји”, напиша Подољак.

Тој додаде дека сите оние кои се залагаат за мир „треба да разберат дека секој договор со ѓаволот, односно мир на сметка на украинските територии, е победа на Путин, како и рецепт за успех на автократите ширум светот”.

Британските медиуми пренесува дека Кисинџер беше државен секретар на САД за време на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд и досега неколку пати се има сретнато со Врускиот претседател Владимир Путин.

Back to top button
Close