Ким: Ќе ги интензивираме нашите напори во Албанија за да се соочи со корупцијата

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, испрати јасна порака дека САД ќе продолжат да ги интензивираат напорите за соочување со корупцијата и да бараат одговорност од корумпираните актери во Албанија, јави агенцијата Балкан веб.

Според неа, тоа е порафи фактот што „сакаат Албанија, како пријател и сојузник во НАТО, да ја видат посилна и побогата”.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана, таа додала дека „корупцијата претставува ранливост на националната безбедност, ги ограничува и нарушува инвестициите и ја поткопува демократијата”.

– САД продолжуваат да ги интензивираат напорите да се спротивстават на корупцијата и да бараат одговорност од корумпираните актери. Зошто? Затоа што сакаме да ја видиме Албанија – наш пријател и сојузник во НАТО – да стане посилна и побогата. Корупцијата претставува ранливост на националната безбедност, ги ограничува и нарушува инвестициите и ја поткопува демократијата, изјави Ким.

Таа оцени дека албанските институции напредуваат против корупцијата, но оти има уште многу да се направи, нагласувајќи дека борбата против корупцијата е еден долг и тежок процес, но успехот е можен.

– За време на оваа 100-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу САД и Албанија, нашата посветеност кон албанскиот народ е посилна од кога било. Патот напред, кон членството во ЕУ, до правдата можеби е тежок, но САД остануваат одлучни да бидат покрај вас на секој чекор од патот за да можеме заедно да одиме напред. Секогаш напред, секогаш заедно, порача амбасадорката Ким.

Back to top button
Close