Кина објави царини од 84% за САД како против-мерка

Кина најави нови царини од 84% за САД, како одговор на трговската војна на Доналд Трамп што ги зголемува стравувањата од понатамошна ескалација.

Кинеското Министерство за финансии соопшти дека од четврток ќе воведе царини од 84% за американските стоки, што е повеќе од претходно објавените 34%, според Ројтерс.

Берзите дополнително се распродадоа по објавувањето на ваквите информации од Кина. Во соопштение, Кина го повторува описот на тарифите на Трамп од 104% како грешка над грешките“ и вели дека одлуката на САД „сериозно ги нарушува легитимните права и интереси на Кина и сериозно му штети на мултилатералниот трговски систем заснован на правила“.

 

Back to top button
Close