Кинескиот амбасадор во Вашингтон повикан на разговор во Белата куќа

Белата куќа го повика на разговор кинескиот амбасадор во Вашингтон, Чин Ганг, за да му ја изрази осудата на „ескалацијата на акции“ против Тајван и да повтори дека САД не сакаат криза во регионот, пишува денеска „Вашингтон пост“.

„По дејствијата на Кина во текот на ноќта, го повикавме амбасадорот Чин во Белата куќа да му врачиме официјален демарш за кинеските провокативни дејствија“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби за „Вашингтон пост“.

Кина денеска одлучи да воведе санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и нејзиното семејство, како одговор на, како што рече кинеското Министерство за одбрана, „злобните“ и „провокативни“ дејствија, поради нејзината посета на Тајван во вторникот, јавија британските медиуми

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close