Кирјаков од ОМО Илинден Благоевград- Да не оди никој во сабота во Благоевград. Клубот е на тајните служби и во куќата на началникот на полиција

Претседателот на Комитетот на организацијата ОМО Илинден од Благоевград (ова е организација која е различна од партијата ОМО Илинден – Пирин), Атанас Кирјаков се спротивставува на ваквиот начин на отворањето на македонски клуб во Бугарија.

Тој смета дека за Клубот требало да се купи простор на видливо место во Благоеград, а не да се изнајмува просторија од која во секое време може да бидат исфрлени. За ова прашање имале и состаноци со партијата ОМО Илинден-Пирин, но Кирјаков објаснува дека партијата без нивно знаење сепак решила да се оди со изнајмување простор.

Сега Кирјаков во изјава за „Фокус“ вели дека овој Клуб ќе биде гнездо на бугарските безбедносни служби, бидејќи куќата во која се отвора Клубот е во сопственост на началник на полицијата во Благоевград.

-Тоа е провокациja. И не треба да доаѓаат во Благоевград Мицкоски и Апасиев. Всушност, ако доjдат тие во Благоевград кого ќе поддржат ??? Бугарските служби за безбедност и нивните марионети ?? Ние , етничките Македонци од ОМО „Илинден“ НЕМА да одиме во овоj чурук „македонски клуб“, дециден е Кирјаков.

Отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе се случи во недела, а свое присуство најавија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и претставници на Левица.

Целиот текст на фокус.мк

Back to top button
Close