Кирби: Нема знаци дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје

САД не забележуваат ниту еден знак дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Тој рече дека нема посебен коментар за написот на „Њујорк Тајмс“ дека Русија наводно подготвува нуклеарни напади.

„САД континуирано ги следат чекорите на Москва откако Русија спомена можна употреба на нуклеарно оружје, а во моментов нема индиции дека такво нешто се подготвува“, посочи Кирби.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close