КК Гостивар со втор тим ќе се натпреварува во Трета лига

Раководството на КК Гостивар ги оствари најавите за формирање на втора екипа, која според амбициите, од наредната натпреварувачка сезона ќе заигра во погорен ранг. Играчите се јавија на првата прозивка на стручниот штаб и вчера се состанаа за да ги утврдат приоритетите.

– Формалностите се завршени и одиме кон реализација на планот. Втората екипа на КК Гостивар, која оваа сезона ќе се натпреварува во Трета лига го одржа првиот работен состанок. Стручниот штаб и играчите се запознаа со плановите, подготовките за натпреварувачкиот дел. Амбициите и целта за оваа сезона на втората екипа е висок пласман и влез во Втора лига, информираат од КК Гостивар.
Од клубот нагласуваат дека во очекување на дебито во првата сезона, новиот тим, тренерите и кошаркарите ќе работат на техничко-тактичките елементи.

Ростерот на екипата ќе се формира главно со играчи од младинскиот погон и школата на клубот Петар Ангелов и Денис Селмани

Back to top button
Close