Клаудија Шејнбаум најверојатна победничка на претседателските избори во Мексико

Кандидатката на власта Клаудија Шејнбаум најверојатно ќе победи на претседателските избори во Мексико, според анкетите на гласачите спроведени од финансискиот весник El Financiero и телевизијата Televisa по затворањето на гласачките места синоќа.

Блискиот сојузник на актуелниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, Шејнбаум од левичарската владејачка партија Морена ќе стане првата жена претседател на земјата доколку биде избрана.

Нејзин главен противник е Ксочитл Галвез, кандидат поддржан од широк сојуз на трите најголеми опозициски партии.

Третиот кандидат, Хорхе Алварез Мајнез од помала партија, се смета дека нема шанси.

Првите официјални резултати се очекуваат утрово.

За победа на изборите доволно е просто мнозинство.

Заедно со претседателските, Мексиканците гласаа за пополнување на сите места во Домот на пратеници, Сенатот и регионалните и општинските места, со што вчера беше изборен ден од историски размери, пренесува ДПА.

Речиси 100 милиони граѓани имаа право на глас

Back to top button
Close