Клинтон: Колку помалку руски војници во Украина толку помалку силувани и убиени жени
Колку помалку руски војници во Украина толку помалку силувани и убиени жени во Украина, изјави денеска поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон.
Во разговор со водителката на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур, а за насилството врз жените во војната, Клинтон порача дека руските војници во Украина треба да бидат победени бидејќи „колку помалку руски војници има во Украина, толку помалку силувани и убиени жени “.
Таа истакна дека помошта за земјата теба да се зголеми за “Украинците да можат да го победат Владимир Путин”.
Таа кажа и дека “очигледен е сојузот меѓу Русија и Иран, со иранското снабдување со технологија на дронови со која во Украина се убиваат цивили”.
Клинтон го повика Израел да се вмеша и да го запре Иран да снабдува оружје на Русија.