Клоп бара да се преигра натпреварот со Тотенхем


Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, побара денеска да се преигра натпреварот против Тотенхем, откако ВАР судиите изминатиот викенд му поништија регуларен гол на неговиот тим.

Раководното тело на англиските судии (ПГМОЛ) ја призна грешката кога голот на Луис Дијаз беше поништен поради наводен офсајд и најави измени на правилото со цел да се избегне повторување на грешката во иднина.

„Би требало да постои решение. Мислам дека натпреварот треба да се повтори. Навикнав на грешки и тешки одлуки, но вакво нешто никогаш не се случило и затоа мислам дека вистинската работа е натпреварот да се преигра“, рече Клоп.

Ливерпул во неделата издаде соопштение во кое наведе дека ќе ги „истражи сите можни опции имајќи ја предвид јасната потреба за решавање на проблемот“.

Back to top button
Close