Книжевна средба посветена на Ани Ерно во НУБ „Св. Климент Охридски”
Книжевна средба посветена на делото на Ани Ерно, значајна фигура на современата француска литература и добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година, ќе се одржи денеска во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Скопје.

На отворањето на книжевната средба ќе се обратат директорот на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”, Јовица Никчевски и директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер.
На средбата ќе говорат Елисавета Поповска, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје и преведувачка на романот „Девојчински спомени“, Андријана Папиќ, преведувачка на романот „Годините“, Ивана Трајаноска, декан на Факултетот за странски јазици на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и писателка и Ведран Диздаревиќ, професор на Катедра за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет






