Кој е следен: Од понеделник тишината завршува – се гледаме на улица
„До недела ќе молчиме. Но, од понеделник, тишината завршува. Од понеделник, се гледаме на улиците – гласни, бескомпромисни и обединети“ повикуваат од иницијативата „Кој е следен?“.
Преку социјалните мрежи иницијативата, која се формираше по прегазувањето на младата Фросина во Скопје и која го оргнизираше масовниот собир за искажување сочувство на загинатите во трагичниот пожар во Кочани, повикува на протестен марш.
Како што пишуваат тие на социјалните мрежи, протестот се организира за да нема заборав и да нема повеќе загубени животи поради небезбедност и неодговорност.
„Доста бевме ние, системот е следен“ велат од иницијативата „Кој е следен?“.