Кој ги охрабрува грабежите низ Лос Анџелес – Маск и гувернерот на Калифорнија во препирка на социјалните мрежи

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска го обвини милијардерот Илон Маск дека „поттикнува грабеж во Лос Анџелес погоден од шумски пожар преку дезинформации што ги објавува на социјалните мрежи“.

Како што објави денеска „Гардијан“, гувернерот на Калифорнија реагираше откако Маск, кој е најбогатиот поддржувач на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, повторно објави порака на Икс, чиј сопственик е, во која лажно ги обвини Њусом и неговите колеги демократи дека ги декриминализирале грабежите.

„Престанете да охрабрувате грабежи со лажење и велејќи им на луѓето дека е декриминализирано. Не е. Тоа е нелегално – е како што и секогаш било“, напиша Њусом.

Препукувањата се случуваат во услови на загриженост за грабежи откако сопствениците на куќи кои беа принудени да ги евакуираат своите домови во Лос Анџелес поради ширењето на шумските пожари, се вратија и открија дека нивните домови биле обиени.

Околу 30 лица се уапсени во евакуираните населби во Лос Анџелес, од кои повеќето се осомничени за грабежи, соопшти претходно денеска полицијата во Лос Анџелес. Еден уапсен маж беше пронајден во опожарен дом облечен како пожарникар, додека двајца мажи беа приведени во саботата пред домот на потпретседателката Камала Харис во Лос Анџелес, но подоцна беа ослободени откако не беа пронајдени докази за упад

Back to top button
Close