Коцевски- Добивме одговор од Бугарија за тоефелот на директорот на АНБ Христовски

Прашан зошто обвинителството одолговлекува околу сертификатот за Англиски јазик на Бојан Христовски кој го приложил во неговото ЦВ за да биде избран за директор на АНБ обвинителот Коцевски вечерва за тв Телма одговори дека конечно преку меѓународната правна помош добиле одговор од Бугарија околу наводите во медиумите и кривичните пријави поднесени во обвинителството дека сертификатот за англиски јазик издаден во Пловдив Бугарија е фалсификат и дека таква школа не постои.

Можам вечерва да ви соопштам дека конечно одговорот кој го баравме го добивме но во моментов содржината неможам да ја кажам бидејки таа не поттикна да преиспитаме и некој други околности рече обвинителот Коцевски.

Тојфелот на директорот на АНБ беше соо месеци тема на медиумите кои пишуваа дека Христовски за да биде избран на една од највисоките функции од безбедноста на државата прилошил фалсификат диплома

,, ДКСК се прогласи за ненадлежна а кривичната во МВР остана во фиока без одговор за јавноста иако во меѓувреме МВР им поднесе кривични пријави на двајца директори на основни училишта за кои утврдиле дека тоефелот за познавање англиски јазик издаден како и на Христовски во непостоечката школа во Пловдив. Овие двајца директори признале дека дипломите им се фалсификат и судот ги осуди.

 

 

Back to top button
Close